Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој кој ги блокира пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилтетот на Унијата.
Тој најави дека конференцијата ќе ја искористи за понатамошно убедување за потребата од отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана.
„Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот регион на Западен Балкан. Кандидатите за членството на Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правното, политичкото и економското приближување кон Европската Унија. Северна Македонија стави крај на спорот за името со Грција, а покрај тоа, даде важен придонес кон помирувањето и е пример за целиот регион. Понатамошното одлагање на почетокот на преговорите би било сосема погрешен сигнал“, порача Соботка во соопштението.
ЕУ, според неговите зборови, е нецелосна без земјите од Западен Балкан./Makfax