14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови најави – какво време да очекуваме следните денови?

Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.

Прогноза за 27.11.2024
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 28.11.2024
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 29.11.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 14°C

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.