8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитриевски: На прав пат сме – работиме да го направиме Куманово успешна приказна

Работиме да направиме успешна приказна од Куманово да оставиме трајни дела, да го смениме ликот на градот, кој оваа година прославува пет века од своето постоење, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“ градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Три мандати претходната централна власт го дробеше Куманово на ситен камен, со нула капитални инвестиции во времето Груевски и на оние што збришаа од државата, рече Димитриевски, додавајќи дека истовремено на општина Прилеп и биле доделени 40 милиони евра за развој.

Има многу проекти кои ги сработивме и кои ќе ги сработиме, за да го транформираме Куманово во модерна и урбана средина, рече Димитриевски, наведувајќи ја и реконструкцијата на Соколаната, други спортски сали, планираната изградба на кружен тек на влезот во градот, атмосферска канализацијата итн.

Гледам многу нови лица и многу ми е мило и сите сте добредојдени на правиот пат, вистинскиот пат затоа што Македонија заслужува многу повеќе од она што беше, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК