25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Митревска: Ѓорче Петров добива најсовремено улично осветлување, без денар задолжување – на прав пат сме!

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумовски продолжуваат со грижата за граѓаните и унапредување на квалитетот на живот. На прав пат сме! Ѓорче Петров добива ново модерно јавно осветлување, како што доликува на градска општина, изјави денеска Борјана Митревска, портпаролка на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

-Општината потпиша договор за Јавно Приватно Партнерство со што во наредните 6 месеци комплетно ќе бидат променети сите светилки во Ѓорче Петров.

Овој капитален проект се реализира без денар позајмување. Рационално се искористуваат парите на граѓаните кои тие месечно ги уплаќаат за јавно осветлување со сметката за електрична енегргија.

Без задолжување и кредити, Ѓорче Петров добива најсовремено автоматизирано осветлување, прво од ваков тип на ниво на Град Скопје.

Ќе се променат 2887 стари светилки со нови ЛЕД, а во наредните 12 години ќе бидат обезбедени дополнителни 983 светилки кои ќе се постават на нови линии каде претходно немало осветлување.

Стартуваме одовде од населбата Дексион, продолжуваме кон урбаните заедници Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, потоа преминуваме кон населбата Даме Груев и сите останати населени места во општината.

Застарените системи, недоволната покриеност со столбови и старите светилки кои претставуваат голем проблем за општина Ѓорче Петров ќе станат минато.

На прав пат сме. Како локална власт продолжуваме да работиме на унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани, рече Митревска.