10.000 домаќинсктва ќе добијат по околу 1000 евра за набавката на клима.
Владата одлучи да ја спроведе неодамна најавената мерка за субвенционирање на инвертер клими за граѓаните кои живеат во најзагадените општини во земјава, а според податоците тоа се Битола, Кичево, Тетово и Град Скопје.
Сите граѓани кои досега користеле тврдо и фосилно гориво ќе можат да ја направат оваа промена.
За реализација на мерката Владата му препораа на УО на ЕСМ, да донесе одлука за обезбедување на средства во висина од 618 милиони денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клими.
Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.
Право на учество ќе имаат граѓаните кои се уште се грејат на дрва, а живеат во Битола, Кичево, Тетово и Град Скопје. Начинот на кој што граѓаните ќе треба да аплицираат ќе биде дополнително соопштен.