Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, престојува во официјална посета на Романија. Во Букурешт, министерката Шекеринска ќе се сретне со нејзиниот романски колега, министерот за национална одбрана Габриел Бениамин Леш, по што средба ќе имаат и двете делегации.
Во рамки на посетата, вчера министерката Шекеринска имаше работна вечера со премиерката на Романија, Виорика Данчила.