24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски oд Гевгелија: Ветивме помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните и го исполнивме, тоа е прав пат!

На прав пат сме затоа што клучните мерки од она што е во нашата програма го исполнивме.

– Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината цена на струјата, ги намаливме нотарските и извршителските трошоци. Тоа се дел од мерките за намалување на трошоците кои секој месец ги имаат граѓаните. Тоа се вистински политики, тоа е прав пат!, рече Николовски.

Нашата програма се темели на две клучни работи, од една страна да враќаме пари кај граѓаните, а од друга да ги намалуваме трошоците за живот и тоа го реализираме, додаде Николовски.

-Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 12.500 денари и повторно разговараме, делуваме да ја покачивме. Просечната плата ја зголемивме за 2.000 денари за 2 години. Нема да застанеме тука, имаме нови мерки за стимулирање на растот на платите. Се грижиме за работниците и го цениме нивниот труд. Отвораме можности за младите за сопствен бизнис, рече Николовски.

Креираме и нови политики и мерки, затоа што не застануваме тука, продолжуваме по прав пат, рече Николовски на вечерашната трибина на СДСМ, под слоганот „На прав пат“ во Гевгелија.