Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски од граѓанската трибина во Гевгелија: На прав пат сме затоа што ги исполнуваме стратешките цели за члентво во НАТО и ЕУ

Пред само 2 години бевме на работ на граѓанска војна, од држава која беше поделена и изолирана, државата ја доведовме на прав пат и денеска сме светол пример – со овие зборови генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја отвори денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија.

-Ветивме дека државата ќе ја изведеме на прав пат и еве сме, државата е на прав пат. Се остваруваат стратешките цели на државата. Свесни сме дека треба уште многу работа, не очекуваат уште многу предизвици, но сите сме посветени на иднината и доброто за граѓаните. За кратко време ќе бидеме и формално 30 земја членка на НАТО. Нашето знаме гордо се вее пред овие светски безбедносни институции. Останува уште техничка процедура да се заврши, рече Николовски.

После се што направивме со право очекуваме да ги започнеме преговорите со ЕУ за полноправно членство. Го исполнуваме сонот на генерациите да бидеме дел од НАТО и ЕУ.

Тоа е вистинскиот, правиот пат и таа одговороност ја исполнивме, рече Николовски во обраќањето пред гевгеличани.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +