9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, вработените во јавниот сектор за септември ќе добијат повисока плата за 5 отсто

-Вработените во јавниот сектор за месец септември ќе добијат повисока плата за пет проценти од досегашната. Платата ќе биде исплатена во законски предвидениот рок до 15ти во месецот. Владата предводена од СДСМ за ова покачување на платите и за подобрување на животниот стандард има обезбедено финансиски средства, изјави денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници шират лажни вести и создаваат лажна грижа кај граѓаните, рече Шахпаска.

-За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард. Од минатата година до денес покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци. СДСМ пртодлжува со мерките кои се во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, изјави Шахпаска.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.