24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Министерот Елвин Хасан во работна посета на Штип

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Штип, каде што посети две текстилни компании кои имаат добиено финансиска помош согласно Законот за финансиска поддршка. Една од тие компании е Линеа, која освен што е на домашниот пазар, извезува и на Балканот. Другата компанија која беше посетена од страна на министерот беше текстилната компанија Албатрос, која воглавно произведува кошули, а поголемиот дел од кошулите се за мажи. Албатрос извезува текстил во Германија, Холандија и Швајцарија, а имаат и продавница во Скопје, на Рекорд.

Компаниите постојат од 90-тите, а денес работат по европски модерни стандарди и произведуваат исклучително квалитетни текстилни производи. Покрај двете штипски компании кои ги посети министерот Хасан, беше посетена и текстилна компанија од Кочани, која исто така добила финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка, Мај Фешн. Министерот Елвин Хасан им ги презентираше најновите измени на Законот за финансиска поддршка и новите можностите кои се отвораат со нив. На средбите се разговараше за проблемите со кои се соочуваат компаниите и кои се чекорите кои треба да се превземат со цел трајно решавање на истите.

Во склоп на својата посета во Штип, министерот Хасан оствари средба со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. На средбата беа разгледани можностите за инвестирање во градот, а најистакната беше ТИРЗ зоната. Како предност беше посочен автопатот Миладиновци, кој го зближува главниот град со Штип, што може да се смета привлечно за инвестирање во општината.