Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколците со попреченост

– Ги информираме сите заинтересирани ученици дека е продолжен рокот на објавениот јавен повик на веб-страницата на Град Скопје на ден 16.09.2019 година за стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во средните училишта на Град Скопје.

Ве информираме дека Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник), велат од Град Скопје.

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели 25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, коишто во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендијата од 3.000 денари нето износ.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК