23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Еве за што се извинила Ивона Талевска преку насловната на Вечер

Правото на медиумите и слободата на изразувањето во рамки на етички и демократски начела е принцип на секое демократско општество, пишува Фросина Ременски од СДСМ.

– Кога слободата на изразување и етиката во новинарството ќе се злоупотреби за манипулација, навреда и клеветење тоа не е ниту новинарство, ниту вистинската цел на слободата на изразување.

Сегашната претседателка на МАН едновремено беше главен и одговорен уредник на весникот “Вечер” во кој на насловна страница во 2016 година објави текст (клевета) за кој во судска постапка против неа за клевета на судско рочиште се изјасни дека, “длабоко се извинува што објавила текст и ставила потпис на кој таа не е автор и дека длабоко жали што не ја проверила вистинитоста на информациите во текстот”.

Кога МАН во тоа време застана во одбрана на уредничката Ивона Талевска, ја дофилува клеветата. Сега поранешната уредничка што плати оштета на суд и се извини на насловна страница на весникот “Вечер” е претседателка на МАН. Тужбата за клевета против МАН е во жалбена постапка пред Апелацискиот суд во кој претседателката ќе има тешка задача да ја изнегира уредничката која се извини, вели Фросина Ременски во својата објава на фејсбук.