24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Германската партија СПД со огромно мнозинство одобри поддршка за старт на преговорите на Северна Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Берлин, каде се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри, од втората по големина политичка групација – партијата СПД.

На средбата Османи и Петри разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, за која на утрешната седница на Бундестагот ќе се донесе конечна одлука.

„Нова, охрабрувачка порака денес ми пренесе Петри, дека и пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ,“ истакна Османи, изразувајќи благодарност за поддршката.

„Утре е седницата на Бундестагот каде се наоѓа нашата точка, и сè поочигледно е дека Германија ќе гласа ‘за’ на европскиот самит во октомври“ додава Османи.

Вицепремиерот Османи престојува во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на Република Северна Македонија на Самитот на ЕУ во октомври. Домаќин на вицепремиерот Османи за време на посетата на Берлин ќе биде претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.