Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во македонски камион, српските цариници открија мигранти скриени во кафези

Српските цариници, благодарение на снимка од мобилен телефон, откриле мигранти во товарот на камион кој превезувал безбедносни кафези на граничниот премин Хоргош, соопшти денеска српската Царинска управа.

На снимката од скенер, во камионот кој од Северна Македонија до Белгија превезувал метални безбедносни кафези за багери, виљушкари, кранови и слично биле забележани човечки силуети што ги изненадило цариниците.

Товарот веднаш бил отворен и веднаш се видело дека тројца мигранти, двајца Индијци и еден Авганистанец, влегле во кафезите од бочната страна на приколката.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +