7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Халкбанк златен спонзор на годинешниот Macedonia Manufacturing Expo

Халкбанка, една од најбрзо растечките банки во земјава, е златен спонзор на годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo. Спонзорството на Халкбанк е во насока на поддршка на иницијативата што ги воспоставува врските меѓу македонските и германските компании. Со оваа поддршка банката вложува во потенцијалите за развој на македонското стопанство во целост.

Годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo се организира по третпат и негова цел е поврзување на домашните компании од металната и електро индустрија со купувачи од други земји, како и со странските директни инвеститори во земјава.

Настанот се одржува на 25 и 26 септември во Александар Палас во Скопје и е од регионален карактер на кој учествуваат фирми од лесно преработувачка индустрија, електроника, пластика, гума и слично како и 30-35 фирми потенцијални купувачи од Германија, Грција и Бугарија, но и банки и осигурителни компании кои се неопходни во целиов бизнис.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК