Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на сообраќајната полиција во Скопје – Возеле брзо, со алкохол и без возачки

Во текот на 24.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и 18 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 66 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК