Град Скопје го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2019 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:
1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
1.1. Изведбени уметности
1.2. Музички уметности
1.3. Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
1.4. Издавачка и библиотечна дејност
1.5. Музејска дејност и промоција на културното наследство
1.6. Меѓународна соработка
На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје“ што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалниот веб портал на Град Скопје.
Пријавувањето на Јавниот повик e во електронска форма, на следниот линк.
Повикот ќе траее до 18. октомври 2019.