23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ечат “бомби” за Монструм: Се слушаат гласовите на Камчев, Јанкуловска, Јанакиевски, но и на гатачката на Груевски која открива дека ќе има вмешано некој со “униформа”

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судење за случајот со Смиљковското езеро, познат како Монструм прикажа овластување затоа Фетаи и Гаврил Бубевски да бидат застапници на државата во случајот.

На денешното рочиште Фатиме Фетаи обзнани дека обвинителството поседува 25 снимени разговори кои произлегуваат од бомбите и 1330 пораки, но и други материјали.

Првиот пуштен разговор во судницата е снимен на 13 април 2012 година и во него се слуша гласот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Во него наводно Јанакисеки разговара со извесен Кире Бошков, кој го прашува министерот дали има информација во врска со „убиството на децата“. На тоа Јанакиески вели дека рибарот од Црешево е убиен затоа што најверојатно бил сведок на убиството на момчињата.

Во разговор наводно меѓу Јордан Камчев и Оливера Трајковска, Јордан го спомнува поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој му кажал дека уапсиле 26 лица, сите од Скопје, дека имало дебели докази и дека за некои од вмешаните во убиството знаеле дека се во Косово, а на Американците им рекле „вие ќе ни ги дадете или ние да си ги земеме“.

Камчев и објаснува на Трајковска дека извршителите биле млади, вахабисти, дека имало меѓу нив жени и дека рибарот, најстариот убиен во случајот бил застрелан со калашников од 30 метри.

Исто така беше објавена и бомба каде во комуникацијата се слуша како гатачката на секретарката ѝ одговара дека тоа што ќе ѝ го каже во врска со убиените момчиња не е убаво и нема да им се „свиѓа“. Во разговорот ѝ предвидува дека јавноста ќе биде во шок од тоа што ќе излезе на виделина, дека сè ќе се открие и дека, како што вели, пак ќе има вмешано некој со униформа.

„Од тоа што ќе излезе на виделина ќе бидеме во шок. Ќе има вмешано униформа пак, ама ќе те чекам Лена, без твоја контрола не можам“, и’ вели во разговорот Најденова на Самарџиска.

Овој разговор, според податоците на Обвинителството, кое е предлагач на доказите, е направен на 13 април 2012 година во 14 часот. оговорник на гатачката Најденова во овој разговор е Ленче Самарџиска, секретарка на поранешниот премиер.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.