Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, во согласност со Планот за активности за 2019 година во делот на промоција на извоз, а по предлог на бизнис-заедницата, оваа година во периодот од 13 до 17 септември е организатор на национален штанд на саемот за технологија и медиуми IBC во Амстердам.
Оваа година четири компании од нашата земја се дел од националниот штанд како коизложувачи: Piksel, Hoyo Tech, Alternative System Integration и Inellipse.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Арбен Виља, имаше неколку состаноци со водечки фирми од областа на технологијата и медиумите кои се учесници на саемот.
IBC е највлијателниот светски медиумски и технолошки саем. Во 2019 година IBC привлече повеќе од 60.000 учесници од 150 земји во светот, каде што изложуваат повеќе од 1.700 од клучните доставувачи на технологија во светот.