24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Уметницата Михаела Јовановска со мултимедијален проект ќе се претстави во Њујорк

„1/2. Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска, што ќе биде претставен в сабота, на 21 септември, во 18 часот во Њујорк.

Се работи за проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон
нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.

Михела Јовановска работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Проектот ќе биде изложен до 30 септември и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.