Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи. Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност, соопшти Здружението на новинари.
Сппред ЗНМ, оваа непримерна комуникација не е во согласност со Етичкиот кодексот на новинари каде во членот 10 се вели: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).