Centar.mk
БИЗНИС

Почна аплицирањето за финансиска поддршка за јаболки од реколта 2018

Од денеска до 15 октомври, сите кои произвеле јаболка во реколта 2018. година и количините ги предале на регистриран откупувач во период од 12 октомври 2018 година до 25 јуни 2019година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Сите кои произвеле и предале јаболки во регистриран откупувач по цена не повисока од 5 денари по килограм, во период од 12 октомври до 25 декември 2018 година, ќе може да добијат финансиска поддршка од 3 денари по килограм.

Три денари по килограм им следува и на оние земјоделци кои произведените јаболки ги предале по цена не повисока од 5 денари во преаботувачки капацитети во период од 26 декември 2018 година до 25 јуни 2019 година.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски и во барањето треба да прикачат потврда за предадено јаболко во преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка, ќе можат да се обратат за помош во сите подрачни единици на МЗШВ.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +