Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчеле три години ако биле уценувани, прашува СДСМ

„Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години?“ Вака владејачкиот СДСМ ја коментира прес-конференцијата на Игор Јанушев.

„Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО? Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја попречат правдата, ама неуспешно.

Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија“, велат од СДСМ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.