13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Премиера на комедијата „Одам на лов“ во Велешкиот театар

Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес, в сабота, 14 септември, на Големата сцена со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе комедијата „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски.

„Одам на лов“, напишана во 1892 година и досега поставена на многу сцени во светот, е комедија на вонбрачни заплети во која двајцата сопружници (парот Дишотел) решаваат, секој одделно, да направат брачна изневера. Но, сплетот на околности е таков што и пред двајцата се испречуваат мноштво пречки кои им пречат да ги остварат своите намери, со што влегуваат од една во друга комична ситуација.

„Одам на лов“ е осовременување на една класична комична фарса, во насока на излегување од нејзиниот херметизам и отворање кон актуелниот општествено социјален момент. Жанровски таа личи на своевиден телевизиски ситком, со сите негови типизирани ликови и заплети, но таков, во којшто на моменти гледаме од другата страна на кулисата, од другата страна на смеата. – потенцира режисерот Дамјановски.

Во претствата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Елена Вангеловска, изработката на костимити е на Раде Василев, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак.

„Одам на лов“ е втора продукција на Велешкиот театар од програмата за 2019 година поддржана од Министерството за култура. Првата реприза на претставата е закажана за 17 септемри во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК