3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Сѐ уште нема седница за разрешувањето на Јанева, СДСМ ја штити

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во собранискиот прес-центар изјави дека СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат Катица Јанева.

„Покрај тоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница сè уште нема“, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше да биде разрешена. Собранието е должно, вели Мицевски, да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок.

„Секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Намсто да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сè уште дава наредби од притвор. Повеќе од очигледна е намерата на парламентарното мнозинство и Зоран Заев да ја заштитат Катица Јанева од разрешување. Бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси. СДСМ и Зоран Заев од ден на ден сè повеќе и повеќе тонат во своите криминали.
СДСМ и Зоран Заев се плашат да ја разрешат Катица Јанева“, рече Мицевски.

Тој од името на пратеничката група апелираше до пратениците од парламентарното мнозинство да престанат со купување на време и со тактизирање и веднаш да биде разрешена осомничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.