Александар Пандов, чест гостин во политички емисии како политички аналитичар, на ваков начин реагираше на писмото од стручниот,административниот и техничко-помошниот персонал до премиерот и странските амбасадори во кое бараат јасен став за нивната иднина по затворањето на СЈО:
,,Можеби на Заев и амбасадорите не им чуе за вас, ама бидете убедени јас и народот ве мислиме, како после промена на власта сите по список од тоа рекетарско и северџанско дувло ви ја направиме што поцрна иднината. Бидете уверени дека тогаш ќе ви биде посветено доволно внимание“ – напиша Пандов на својот ФБ профил
#ЦрноВиСеПишува“
Александар Пандов е десно ориентиран политички аналитичар кој секогаш ги критикува политиките на СДСМ,без оглед дали е власт или опозиција, пренесува АКО.мк.