27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев се огласи на Твитер: Длабоко сум благодарен на Чешка

Премиерот Зоран Заев денеска на твитер изрази благодарност до Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

-Длабоко сум благодарен на Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО за Северна Македонија. Стабилен Западен Балкан е во интерес на ЕУ, особено во однос на геополитиката, економијата и безбедноста, напиша Заев.

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК