14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите по кои постапуваме со сите докази

СЈО е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. Обвинителството соопшти дека од страна на Јавното обвинителство е доставен допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство.

„Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително”, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Комплетно е реновирано одделението на Клиниката за трауматологија

ДЕСК

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

C +

Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

C +
error: Соддржината е заштитена.