Американскиот гигант, интернет-пребарувачот „Јаху“ денеска беше огоден од голем дефект, кој траеше седум часа и претежно ги зафати корисниците од Велика Британија, во северна и западна Европа, како и делови на Индија и на САД.
Операторите на Телеком во Велика Британија, како што БТ , Скај и Токток, кои го користат „Јаху“, имаа проблеми со електронската пошта на своите корисници.
Дефектот настана утрото, а беше отстранет седум часа подоцна.