24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Краделе што стигнат – Македонската полиција уапси крадци

Полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(51) од Тетово, Ф.Б.(35) од гостиварска Долна Бањица и Ф.К.(35) од Гостивар поради сомнение за извршени повеќе кривични дела кражби или прикривање.

Притоа, кај Ф.Б. биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од извршените кражби, кои биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.