Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предметите на СЈО се селат во ЈО

На 10 дена пред истекот на мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, предметите од СЈО со нејзино полномошно се селат во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје известувањето од Катица Јанева вчера го доставил до Републичкото Јавно обвинителство и, како што соопштија од Обвинителството, откако ќе ги разгледаат поднесоци ќе ја известат јавноста.

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во СЈО да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ сите кривични предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК