25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Владата: Новата мерка за субвенционирање на придонесите за платите ќе го задржи стручниот кадар

Новата мерка на Владата за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата, кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, предизвика големо внимание во јавноста. За оваа мерка Владата предвидува 400 милиони денари.

Од Владата велат дека мерката е од исклучително значење бидејќи со неа ќе се поддржат компаниите што се соочуваат со тешкотии за наоѓање и задржување стручен кадар. На тој начин ќе се поттикне и продуктивноста на компаниите, што е основа за економски раст. Од друга страна, ќе се поттикне спиралата на плати, што ќе се рефлектира на забрзан раст на платите, соопшти Владата.

„Мерката првин важи еднакво за сите компании и вработени во приватниот сектор. Тоа се околу 610 илјади наши сограѓани. Оваа мерка на ја опфаќа јавната администрација бидејќи во оваа дејност нема исплата на плати во кеш, а со покачувањето на платите во овој сектор нормално си оди и плаќањето на придонесите зголемени соодветно на секое покачување.

Благодарение на добрите перформанси на буџетот, на неговата ликвидност и финансиската стабилност, Владата на Северна Македонија утврди дека може да се алоцираат предвидените 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите за да се овозможи пораст на платите.

Со оваа мерка, наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавците не ја даваат целата бруто-плата зашто вкупно придонесите за бруто-плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок. Целта е навистина да се демотивира исплатата на дел од платата во кеш“, додава Владата.

Со новата мерка што ја предлага Владата работодавците ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел – пензиско, здравствено и социјално осигурување, ќе го покрие државата.