10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меѓаши: Одбиениот упис на невакцинирани првачиња е кршење на правото на образование

Министерството за образование и наука (МОН) да ја преиспита одлуката за одбивање на уписот на правчињата кои не доставиле документ за задолжителна вакцинација и да понуди решение коешто нема да го прекрши основното право на децата на образование, бараат од првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Од таму истакнуваат дека на вториот ден од новата учебна година сите дојави на нивнот СОС-телефон за деца и млади се во врска со непримањето на првачињата за кои родителите не доставиле документација за уредно примени вакцини.

„Невакцинираните деца се под стрес и државата мора да им го овозможи правото на образование. Наместо радост за првиот училишен ден, тој за многу деца се претвори во кошмар“, нагласуваат од првата детска амбасада.

Посочуваат дека доколку проблемот со исклученоста на децата од образовниот систем не се реши, за оваа состојба на непочитување на правото на образование на секое дете, ќе ги информираат членовите на Комитетот за правата на детето при ООН и ќе побараат конкретни препораки за земјава, како држава која ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата за правата на детето.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ НАГОРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +
error: Соддржината е заштитена.