12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Сакате да работите во Германија? Платите не се мали, но откако ќе платите стан и храна – еве колку пари ќе ви останат

Многу луѓе од нашите краеви веќе си ја побараа среќата во Германија, а за некои тоа е опција.

Ако се вработите како градежни инжинери, во просек ќе заработите 3.000 евра бруто, значи 2.000 нето. Архитектите заработуваат слични износи, додека лекарите и математичарите заработуваат по 600, а информатичарите по 300 евра повеќе.

Келнерите, куварите и фризерите месечно примаат 1.000 евра, плус бакшиш. А автомеханичарите, електричарите и молерите околу 1.300 евра.

Се поголем број нови гастарбајтери од југоистокот на Европа во Германија работат како негуватели и медицински техничари.

Просечанта плата на негувателка со искуство изнесува 2.400 евра бруто, што е околу 1.600 евра нето.

Од тие пари, на стан и режиски трошоци, во зависност од градот на живеење, одат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра – по лице, додека месечна карта за превоз чини од 50 до 100 евра.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

C +

Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

C +
error: Соддржината е заштитена.