23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит

Не поминува ден, а да нема нова индиција, документ или сведоштво за вмешаноста на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и бараат од Јавното обвинителство да го повика Заев на распит.

„Медиумите вчера објавија нови информации, согласно кои Зоран Заев е спомнат како човек кој бил запознаен за рекетирањето, но и дека Боки Тредичи се фалел дека доколку истиот го плати рекетот ќе биде поставен за директор на една телекомуникациска компанија, во која државата е косопственик. Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата тврди дека Јовановски, според исказите на жртвите, бил во постојана комуникација, не само со обвинителката Катица Јанева која е директен извршител на делото, туку и со високи функционери од власта кои биле помагачи и со своето влијание и авторитет му овозможиле на Бојан Јовановски позиција да рекетира.

„ЈО да престане да биде развлекувач на истрагата. Да постапи согласно закон и да поведе истрага против сите потенцијално вмешани“, порача опозициската партија.