На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, синоќа настана пожар на терасата на првиот кат.
Од Клиниката информираат дека противпожарната екипа интервенирала веднаш и го локализирала пожарот, пришто не е предизвикана никаква материјална штета.
„Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба“, информираат од Клиниката за детски болести.
Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.