16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Од утре целосно затворени булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин

Градот Скопје информира дека од утре, 31 август, со почеток од 8 часот, до недела, 1 септември, до 8 часот, за сообраќај ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот Александар Македонски, улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев.

Исто така, утре ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот Кочо Рацин и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Филип втори македонски.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

80 години гордост, страст и традиција – ФК Пелистер

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.