23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Десет правила за УСПЕХ: Научете нешто од Бил Гејст

Овој човек константно е на самиот врв на листата на Форбс на најбогати луѓе.

Бил Гејст се еден од најпознатите претприемачи на светот и татко на развојот на персоналните компјутери, а ова се неговите 10 совети за успех и богатство:

Започнете што е можно порано

Бил Гејтс имал само 13 години кога почнал да работи со компјутери. Кога нешто ќе започнете рано во животот, тоа ве обликува. Не само што имате шанса во тоа да станете поуспешни од другите, туку помалку веројатно е дека ќе отстапите.

Ако сте имале сон и сте почнале да работите на него како млад човек, ќе бидете имуни на оние кои ќе ви зборуваат дека нема да успеете. А такви ќе има. Кога ќе почнат да ве забележуваат нема да ви биде проблем да ги игнорирате злобниците. Тврдоглавост е потребна за успех, а периодот во кој другите имаат најголемо влијание врз вас е токму периодот кога сте млади.

Станете партнер

Гејтс многу радо формирал партнерства со поуспешни од себе. Немал проблем да не биде прв човек на фирмата, бидејќи во тоа гледал прилика да учи од другите бизнисмени. Исто така градел односи со оние кои многу му помогнале во кариерата или идните потфати.

Нема да заработувате 60.000 долари годишно веднаш откако ќе завршите средно

Да бидеме искрени – успех без искуство не постои. Не треба да се залажувате. Без оглед на образованието кое ќе го стекенте, на пат кон врвот потребно ви е искуство.

Дипломата нема да ви донесе титула CEO во мултинационална компанија. Таа позиција мора да ја заработите. Дали ќе имате храброст да основате своја фирма, или ќе работите напорно да дојдете до врвот во некоја корпорација – останува на вас.

Што побргу станете свој газда

Бил Гејтс многу рано станал шеф. Тоа го ставило во позиција да има целосна контрола над сопствениот успех. „Ако не градите свои соништа, некој ќе ве ангажира да ги градите нивните“. Тоа било неговото животно мото. Нека стане и ваше.

Не кукајте поради грешките, учете од нив

Дали има поента да ги обвинувате другите за вашите грешки? Кого се обидувате да прелажете? Значи, престанете да ги обвинувате другите за своите пропусти или погрешни одлуки и ослободете се од чувството на вина. Грешките се составен дел од секој процес на учење. Користта од претходните грешки е огромна. Ќе знаете што точно треба да направите доколку ситуација од минатото се повтори. А ќе се повтори. Единствена разлика е што влоговите ќе бидат поголеми, а со тоа и одговорноста.

Бидете страствени и посветени

Секој претприемач мора страствено да го сака она со што се занимава како би обезбедил успех. Најуспешните поединци прават работата да изгледа лесно, токму затоа што ја обожаваат. Ако вашата работа е стресна и претешка за вас, тогаш запрашајте се дали сте ја избрале вистинската работа.

Животот е најдобра школа, подобра од било кој универзитет

Без оглед на тоа колку книги сте прочитале и колку тестови сте положиле, ништо што сте научиле на факултет не може да ве подготви за вистинскиот живот. Затоа, стекнувајте искуство најбрзо што можете. „Ако мислите дека вашиот наставник е тежок, почекајте додека да добиете шеф“, вели Гејтс.

Бидете добри кон „бубалиците“

Денес веќе познатиот цитат „Бидете фини кон бубалиците. Големи се шансите на крај да работите за некој од нив“ се покажа како вистинит. Тие се тие кои најмногу работат и ќе бидат најпаметни на патот кон успехот.

Телевизијата не дава реална слика

Потребно е што побргу да се ослободите од мислењето дека телевизијата го отсликува реалниот живот на луѓето. Гледањето телевизија не само што е „шарена лага“, туку е и големо губење на вашето драгоцено време.

Животот не е фер

Колку и да сте работеле, секогаш ќе постои шанса работите да тргнат надолу, многу често не по ваша вина. Колку и да сте се труделе, не постои апсолутна контрола. Животот не е фер, тој е игра. Ако не се обидувате да станете кога ќе паднете, тогаш и не заслужувате успех. Победниците ова го знаат и се враќаат во игра додека не победат.