Скопје Мериот хотел ќе подготви торта од 100 килограми за поддршка на иницијативата на Сити сити. На првата хуманитарна „Праскијада“ што ќе се одржи на 31ви август во Градскиот парк, слатките специјалитети од праски ќе им бидат понудени на присутните граѓани, а со собраните средства ќе бидат обезбедени оброци за социјално загрозените граѓани. Целта на платформата Сите сити е да се соберат средства за 20 000 оброци.
„Вложувањето во заедницата и помагањето на сите оние што имаат вистинска потреба е дел од корпоративната политика на Скопје Мериот, па така и оваа хумана активност е уште една од многуте коишто ги поддржуваме. За степенот на општествена свесност и одговорност на тимот на Скопје Мериот, говори и фактот што безрезервно и со целиот тим се вклучуваме и ја поддржуваме и оваа иницијатива“, изјави Емилија Килибарда, супервизор на одделот за Човечки Ресурси во Скопје Мериот хотел.
Скопје Мериот хотел континуирано ја поддржува платформата Сите сити, а со свои активности се вклучува и во многу други донаторски и хуманитарни иницијативи преку кои што ја исполнува својата општествено одговорна функција. Дел од овие заложби е и Take care програмата којашто е стратегиска определба на глобално ниво за создавање подобро и похумано општество.