Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Комисиска расправа за Законот за Јавното обвинителство

Во Собранието денеска треба да почне комисиската расправа за предлог-законот за Јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО, а што треба да биде донесен по скратена постапка.

Министерката за правда, Рената Дескоска, пред два дена изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.

Премиерот Зоран Заев, пак, смета дека најдобро решение за обвинителството е ако законот се донесе со консензус.

Досега со месеци опозицијата и власта се обидуваа да најдат решение за Законот за ЈО, но без успех.

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК

Утре ВМРО ДПМНЕ одлучува дали ќе го поддржи Христијан Мицкоски како единствен кандидат за претседател на партијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.