Во СВР Скопје синоќа бил приведен 322-годишниот М.С. кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје.
Додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром тој физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.
По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.