13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Колку пари ви се насобрале на сметката на Мој ДДВ – еве како да дознаете

Веб – апликацијата „МојДДВ“ од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, а со тоа и можноста да се има увид во износот за поврат на 15 отсто од ДДВ. Граѓаните ќе можат и да ги бришат оние фискални сметки кои веќе ги скенирале по грешка, со што ќе се овозможи да се надмине опасноста од пишување казни од Управата за јавни приходи (УЈП) за оние фискални сметки кои е недозволено да се скенираат.

Од УЈП информираат дека веб апликацијата „Мој ДДВ“ може да се презеде на линкот којшто е поставен на нивната официјална веб – страница https://mojddv.ujp.gov.mk/.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата „МојДДВ“ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 отсто од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб – апликацијата „МојДДВ“.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

ДЕСК

Ранливите потрошувачи добиваат поддршка: како да аплицирате за клима-уред и помош за струја

C +

„Аплицирајте за клима уред или субвенција за струја: еве кој има право и кои документи се потребни“

ДЕСК