24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожарот направи штети на пругата Велес – Кочани, гори и во Струмичкиот Регион

Пожарот што беснеееше во околината на Велес и езерото Младост вчера направи големи штети. Зафатена е површина од 300-400 хектари трева, трње, нискостеблеста дабова шума и висококвалитетен бор. Исто така, овој пожар зафати дел од фарма „Брезеви“, дел од вулканизер „Дине“, две викенд-кукички и една напуштена штала.

Поради изгорени десетина прагови пругата Велес – Кочани од вчера не е во функција.
На лице место во моментов на пожарот има 50-60 лица кои гаснат опожарени трупци и тоа: ТППЕ Велес, ЈКП Дервен, ШС Бабуна, ДЗС, ШС Гевгелија, ШС Св. Николе, ШС Бор Кавадарци, информира Центарот за управување со кризи.

Пожарот кај селото Ораовец синоќа е ставен под контрола, горела нискостеблста шума, смрека, трн и сува трева, а на терен има вработени од ШС Бабуна заради контрола пожарот повторно да не се активира.

Гори и во Струмичкиот Регион. Пожарот на планината Готен во реонот на селата Покрајчево и Злеово е активен и се шири на неколку места и во неколку правци. Во моментот на лице место се присутни: 60 лица од кој: пожарникари од ТППЕ-Радовиш и ТППЕ – Струмица и вработени лица од ПШС , „Плачковица,, – Радовиш. Исто така за денес се очекува да интервенираат и два авиони на ДЗС.

Заради превземање на одредени мерки и активности за ставање под контрола на активниот пожар на планината Готен, ПО РЦУК Радовиш свика вонреден состанок на регионалниот штаб, со единствена точка на дневниот ред „Превземени мерки и активности како и изнаоѓање на решение и ставање под контрола на активниот пожар на планината Готен во опш.Радовиш“. На состанокот беа присутни претставници од РЦУК Радовиш, ДЗС ПО Радовиш, ЕЛС Радовиш, ПС ОН Радовиш, ЈП „Национални шуми“ ПШС Плачковица Радовиш, ТППЕ Радовиш, МЗШВ ПЕ Радовиш, МО ОО Радовиш, ОО Црвен Крст Радовиш и ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.

На состанокот се донесени заклучоци за поголема координација помеѓу сите инволвирани учесници на терен за поефикасно дејствување и ставање на пожарот под контрола. Авионите за гасење пожар на ДЗС да бидат вклучени најрано што дозволуваат условите и нивното вклучување да биде до ставање на пожарот под контрола.