24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Повеќе од два месеца функционери на ВМРО-ДПМНЕ се во притвор, а не знаат зошто

Повеќе од два месеца Димитар Димовски и Дејан Митески, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, член на Извршниот и член на Централниот комитет, се притворени, а не знаат зошто, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Службеничката во министерството на Сугаревски, Анета Јорданова, е притворена, а додека други седум осомничени се дома. Бараме одговор дали е точно дека решенијата за оние коишто се во притвор и за оние коишто се дома се 100% исти, освен во мерката притвор за тројца, а за останатите е определена поблага мерка според Законот за кривична постапка“, рече тој.

„Судот наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30-дневна мерка, а до сега сè уште како обвинети тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ пред Јавен обвинител. Луѓето сè уште официјално не знаат зошто се притворени. Па, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата за да се задоволи хирот на власта за политички прогон врз политички неистомисленици? Ова ли е отвореното судство како пупка на Зоран Заев? Ваква ли неселективна правда се спроведува? Од една страна, по не цели две недели Морина, гонет со меѓународна потерница за воени злосторства, беше ослободен од притвор, а луѓе без никакво дело и криминално досие, со месеци се држат во притвор“, рече Стоилковски.