Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево – Орешани, инвестиција од 1,7 милиони евра.
-Капиталните инвестиции во ресорот транспорт се реализираат со одлична динамика, бројките покажуваат: за гасификацијата реализирани се 71% од планираните инвестиции, во делот на патната инфраструктура реализирани се околу 50 % од планираните инвестиции, станбената изградба или изградбата на социјални станови бележиме 100% реализација, во делот на комуналната сфера работиме на дваесетина проекти во изградба на водоводи и канализации во вредност од околу 10 милиони евра, изградбата на пругата кон Бугарија ја засиливме со што изградена е 50 % пруга, изјави министерот Сугарески.