25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

ЗА ДА НЕ ВИ ИЗРЕЧАТ КАЗНА: Oвие фискални сметки не ги скенирајте, строго е забрането!

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ.

Пример, дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ, при што би се направил поврат на личната сметка.

Одговорот е дека ова е строго забрането и казниво согласно закон!

Доколку сте го направиле ова, грешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка.

Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма. Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат казни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише грешно скенираната сметка.