На 26.08.2019 во 03.10 часот на локалниот пат с.Јурумлери-н.Хиподром се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од Крива Паланка и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(33) од Струмица, со живеалиште во Скопје.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.