17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од сообраќај исклучени 12 возачи: Дел возеле пијани, дел без возачки

Во текот на изминатиот ден (22.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 47 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози за непрописно паркирање.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК