7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Откако сум министер се борам за солидарност со најранливите, еднаквост и подобар живот за сите граѓани

-Вечерва на седницата на Централниот Одбор на СДСМ бев избрана за нов потпретседател на партијата. Упатувам искрена благодарност до претседателот Заев и членството за укажаната доверба. Навистина ја ценам добиената можност да дадам личен придонес во зајакнување на капацитетот на партијата.

Откако сум министер се борам за солидарност со најранливите, еднаквост и подобар живот за сите граѓани. Ова се моите вредности. Како потпретседател на СДСМ ветувам дека ќе работам на тоа овие вредности уште посилно да се вградат во политиките и делувањето на партијата.
Се обврзувам дека доследно, чесно и професионално ќе ја извршувам функцијата. Како претставник на највисокиот одлучувачки орган на СДСМ секогаш ќе се залагам за делување на партијата во интерес на граѓаните.

ФБ статус на Мила Царовска

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК