10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најпродаваниот автор во земјава – Коста Петров е нов потпретседател на СДСМ

Коста Петров познат како автор на популарни книги за самопомош, Пи-ар експерт кој работеше во Кабинетот на Арбен Таравари кога тој беше министер за здравство е новиот потпретседател на СДСМ, потврди премиерот и претседател Зоран Заев по Централнито одбор на СДСМ кој заврши пред малку.

Петров е говорник за односи со јавност и лидерство, а има објавено 5 книги на оваа тема.

Коста Петров е интернационално докажан претприемач, експерт за односи со јавност на брзорастечки пазари, најпродаван бизнис-автор и говорник.

Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 30 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка. Исто така, P World е првата агенција за настани, која има организирано интернационален бизнис-собир во Исламската Република Иран.

Две години по ред , Коста беше вклучен во листата на највлијателни професионалнци за настани во Југоисточна Европа на Kongres Magazine.

Тој е и дописник за американското издание на Huffington Post и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

Коста е најпродаван автор во неговата родна Македонија и автор на интернационално признатата книга „The Fear“. Тој е и уредникот и креативниот гениј зад „Тајните на светските PR-експерти“ – првата книга за односи со јавност, напишана од практичари за практичари.

извор: Iportal.mk

Спонзорирано: